разгранет

Придавка

Значење на разгранет:

1. а) Што развил, раширил во голема мера гранки и сл. Дрвото беше старо, широко разгрането. б) Раширен, развиен, зголемен. Разгранета дејност. Разгранета фабула.

2. Расчленет, расцепкан на повеќе делови. Западната страна има разгранет брег и многу заливи.

Членувана форма: разгранетиот.

Изведени зборови:

  • разгранетост, и. ж.

Оригинални податоци:

разгранет, разгранетиот прид. 1. а) Што развил, раширил во голема мера гранки и сл. Дрвото беше старо, широко разгрането. б) Раширен, развиен, зголемен. Разгранета дејност. Разгранета фабула. 2. Расчленет, расцепкан на повеќе делови. Западната страна има разгранет брег и многу заливи. ‖ разгранетост ж.