разграни
Значење на разграни:
1. Само во 3 л. ‒ пушти, развие гранки во голема мера. По неколку години дрвото во дворот убаво разграни. Разграни гранка маслинка. (нар.поез.).
2. (прен.) Развие, рашири. Подоцна ја разгранија работата и во другите градови.
Коњугација: разгранат.
Изведени зборови:
- разгранување, глаг. им. ср.
- се ~ разграни, 1. Само во 3 л. ‒ пушти, развие гранки во голема мера. Оревот се разграни и дава убава ладовина. 2. (прен.) Се развие, се рашири. Градот брзо се разви, се разграни индустријата и стопанството.
- (се) разгранува, глаг. несв. (се) разгрануваат
Оригинални податоци:
разграни, разгранат св. 1. Само во 3 л. ‒ пушти, развие гранки во голема мера. По неколку години дрвото во дворот убаво разграни. Разграни гранка маслинка. (нар.поез.). 2. (прен.) Развие, рашири. Подоцна ја разгранија работата и во другите градови. ● се ~ 1. Само во 3 л. ‒ пушти, развие гранки во голема мера. Оревот се разграни и дава убава ладовина. 2. (прен.) Се развие, се рашири. Градот брзо се разви, се разграни индустријата и стопанството. ‖ (се) разгранува, (се) разгрануваат несв. ‖ глаг. им. разгранување ср.