разграничи

Глагол, свршен

Значење на разграничи:

1. Обележи со граница нешто, постави граница меѓу две територии; раздели. Треба да го разграничиме просторот на кој ќе се градат објектите.

2. (прен.) Јасно раздели, оддели нешто, направи разграничување. Неопходно е да го разграничиме балканското од ориенталното.

Коњугација: разграничат.

Изведени зборови:

  • разграничување, глаг. им. ср.
  • се ~ разграничи, Се оддели, прекине врска со некого или со нешто. Тие поими треба да се разграничат, а не паралелно да се употребуваат.
  • (се) разграничува, глаг. несв. (се) разграничуваат

Оригинални податоци:

разграничи, разграничат св. 1. Обележи со граница нешто, постави граница меѓу две територии; раздели. Треба да го разграничиме просторот на кој ќе се градат објектите. 2. (прен.) Јасно раздели, оддели нешто, направи разграничување. Неопходно е да го разграничиме балканското од ориенталното.● се ~ Се оддели, прекине врска со некого или со нешто. Тие поими треба да се разграничат, а не паралелно да се употребуваат. ‖ (се) разграничува, (се) разграничуваат несв. ‖ глаг. им. разграничување ср.