разгрне

Глагол, свршен

Значење на разгрне:

1. Со расфрлање околу наоколу открие нешто што е покриено, собрано на куп. Најде лопата и ја разгрна пепелта. Го разгрнав снегот и се покажа вратничка. Ги разгрна дупките и ги извлече дрвцата.

2. Широко отвори, рашири, раствори. Ја разгрна завесата и погледна надолу низ пустата улица. Ги разгрна трските и ми се приближи.

3. (прен.) Пројави, развие широко некаква дејност. Тој ги разгрнал своите активности и во други градови.

Коњугација: (ќе) разгрнеа , (ќе) разгрнев , (ќе) разгрнел, разгрнаа , разгрнав , разгрнал , разгрнат , разгрнат , разгрнете , разгрни .

Изведени зборови:

  • разгрнува, глаг. несв. разгрнуваат
  • разгрнување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

разгрне, разгрнат; разгрни, разгрнете; разгрнав, разгрнаа; разгрнал; разгрнат; (ќе) разгрнев, (ќе) разгрнеа; (ќе) разгрнел св. 1. Со расфрлање околу наоколу открие нешто што е покриено, собрано на куп. Најде лопата и ја разгрна пепелта. Го разгрнав снегот и се покажа вратничка. Ги разгрна дупките и ги извлече дрвцата. 2. Широко отвори, рашири, раствори. Ја разгрна завесата и погледна надолу низ пустата улица. Ги разгрна трските и ми се приближи. 3. (прен.) Пројави, развие широко некаква дејност. Тој ги разгрнал своите активности и во други градови. ‖ разгрнува, разгрнуваат несв. ‖ глаг. им. разгрнување ср.