ражен

Именка, машки род

Значење на ражен:

Дрвен или метален стап на кој се наденува и со кој се врти месото над огнот (жарта) за да се испече. Над усвитениот жар се вртат на ражен големи парчиња месо. Тој го врти јагнето на раженот во градината на оган од лозови прачки.

Множина: ражни.

Фразеолошки израз / поговорка:

Зајакот в планина, раженот на оган ‒ очекува, се радува на нешто што тешко може да се оствари.

Оригинални податоци:

ражен, мн. ражни м. Дрвен или метален стап на кој се наденува и со кој се врти месото над огнот (жарта) за да се испече. Над усвитениот жар се вртат на ражен големи парчиња месо. Тој го врти јагнето на раженот во градината на оган од лозови прачки. ◊ Зајакот в планина, раженот на оган ‒ очекува, се радува на нешто што тешко може да се оствари.