разигра

Глагол, свршен

Значење на разигра:

1. Натера некого или нешто да игра, направи некој да почне да игра. Убавата музика ги разигра сите присутни.

2. (прен.) Затрепери од радост, возбуда, заигра. Срцето му разигра од возбуда. Во краиштата на усните му разигра насмевка.

3. (прен.) Разбранува, раздвижи. Ветрот го разигра езерото.

Коњугација: разиграат.

Изведени зборови:

  • разигрување, глаг. им. ср.
  • се ~ разигра, 1. Почне многу, живо да игра. Децата се разиграа во дворот. 2. (прен.) Почне силно, брзо да се движи. Прстите сами се разиграа по кларинетот. 3. (прен.) Се разбранува. Утрото морето се разигра.
  • (се) разигрува, глаг. несв. (се) разигруваат

Оригинални податоци:

разигра, разиграат св. 1. Натера некого или нешто да игра, направи некој да почне да игра. Убавата музика ги разигра сите присутни. 2. (прен.) Затрепери од радост, возбуда, заигра. Срцето му разигра од возбуда. Во краиштата на усните му разигра насмевка. 3. (прен.) Разбранува, раздвижи. Ветрот го разигра езерото. ● се ~ 1. Почне многу, живо да игра. Децата се разиграа во дворот. 2. (прен.) Почне силно, брзо да се движи. Прстите сами се разиграа по кларинетот. 3. (прен.) Се разбранува. Утрото морето се разигра. ‖ (се) разигрува, (се) разигруваат несв. ‖ глаг. им. разигрување ср.