разјаде

Глагол, свршен

Значење на разјаде:

1. За црви, молци, термити и сл. ‒ изгризе, издупчи. Термитите го разјадоа дрвениот под на куќата. Летото молци му го разјадоа палтото.

2. За 'рѓа, киселина и др. хемикалии ‒ оштети, нагризе. 'Рѓата ја разјаде железната ограда.

3. (прен.) Постепено уништи. Дојденците им ја разјадоа слогата во селото.

4. (прен.) Измачува, гризе. Тагата му ја разјаде душата.

5. (ретко) Почне да јаде. Мораше да јаде и таа со детето за да го разјаде.

Коњугација: (ќе) разјадеа , (ќе) разјадев , (ќе) разјадел , разјадат , разјаден, разјадете , разјади , разјадоа , разјадов , разјал .

Изведени зборови:

  • разјадување, глаг. им. ср.
  • се ~ разјаде, 1. Почне многу да јаде. Многу си се разјал во последно време, ќе се здебелиш.
  • (се) разјадува, глаг. несв. (се) разјадуваат

Оригинални податоци:

разјаде, разјадат; разјади, разјадете; разјадов, разјадоа; разјал; (ќе) разјадев, (ќе) разјадеа; (ќе) разјадел; разјаден св. 1. За црви, молци, термити и сл. ‒ изгризе, издупчи. Термитите го разјадоа дрвениот под на куќата. Летото молци му го разјадоа палтото. 2. За 'рѓа, киселина и др. хемикалии ‒ оштети, нагризе. 'Рѓата ја разјаде железната ограда. 3. (прен.) Постепено уништи. Дојденците им ја разјадоа слогата во селото. 4. (прен.) Измачува, гризе. Тагата му ја разјаде душата. 5. (ретко) Почне да јаде. Мораше да јаде и таа со детето за да го разјаде. ● се ~ 1. Почне многу да јаде. Многу си се разјал во последно време, ќе се здебелиш. ‖ (се) разјадува, (се) разјадуваат несв. ‖ глаг. им. разјадување ср.