разјасни
Значење на разјасни:
1. Направи да стане јасен, разбирлив, пошироко објасни. Откако го разјасни прашањето, собра голем број деца во училиштето. По секоја цена сакаше да си ја разјасни својата положба.
2. За небо, време ‒ направи да стане јасен, ведар, разведри. Ветрот го разјасни небото.
Коњугација: разјаснат.
Изведени зборови:
- разјаснување, глаг. им. ср.
- се ~ разјасни, 1. За небо, време ‒ стане јасен, ведар. По дождот времето се разјасни. 2. Стане јасен, разбирлив. По враќањето дома сè се разјаснило.
- (се) разјаснува, глаг. несв. (се) разјаснуваат
Оригинални податоци:
разјасни, разјаснат св. 1. Направи да стане јасен, разбирлив, пошироко објасни. Откако го разјасни прашањето, собра голем број деца во училиштето. По секоја цена сакаше да си ја разјасни својата положба. 2. За небо, време ‒ направи да стане јасен, ведар, разведри. Ветрот го разјасни небото. ● се ~ 1. За небо, време ‒ стане јасен, ведар. По дождот времето се разјасни. 2. Стане јасен, разбирлив. По враќањето дома сè се разјаснило. ‖ (се) разјаснува, (се) разјаснуваат несв. ‖ глаг. им. разјаснување ср.