разлади
Значење на разлади:
1. Направи нешто да стане ладно или уште поладно, олади. Супата е многу врела, разлади ја.
2. Отстрани чувство на топлина, направи да биде свеж, освежи. Ја распетла кошулата за да ја разлади испотената снага.
Коњугација: разладат.
Изведени зборови:
- разладување, глаг. им. ср.
- се ~ разлади, 1. Стане ладен или уште поладен. Откако млекото ќе се разлади, се додава брашното. 2. Се освежи. На потокот се разладија со студена вода.
- (се) разладува, глаг. несв. (се) разладуваат
Оригинални податоци:
разлади, разладат св. 1. Направи нешто да стане ладно или уште поладно, олади. Супата е многу врела, разлади ја. 2. Отстрани чувство на топлина, направи да биде свеж, освежи. Ја распетла кошулата за да ја разлади испотената снага. ● се ~ 1. Стане ладен или уште поладен. Откако млекото ќе се разлади, се додава брашното. 2. Се освежи. На потокот се разладија со студена вода. ‖ (се) разладува, (се) разладуваат несв. ‖ глаг. им. разладување ср.