разлази се
Значење на разлази се:
1. За непроодено дете ‒ почне многу да лази. Детето се разлази по собата барајќи ја играчката.
2. За инсект, обично многу ‒ почне да лази на сите страни. Роеви муви се разлазија по масите.
3. Се разотиде на разни стани. На улиците се разлазиле многу војници. Се растрча полицијата, се разлазија агентите низ чаршијата.
Коњугација: се разлазат.
Изведени зборови:
- се разлазува, глаг. несв. се разлазуваат
Оригинални податоци:
разлази се, се разлазат св. 1. За непроодено дете ‒ почне многу да лази. Детето се разлази по собата барајќи ја играчката. 2. За инсект, обично многу ‒ почне да лази на сите страни. Роеви муви се разлазија по масите. 3. Се разотиде на разни стани. На улиците се разлазиле многу војници. Се растрча полицијата, се разлазија агентите низ чаршијата. ‖ се разлазува, се разлазуваат несв.