разлее
Значење на разлее:
1. Истури, исипе течност од сад. Сето млеко го разлеа од тенџерето.
2. Налее во повеќе садови, на повеќе места. Го разлеа кафето во филџаните и ги послужи гостите.
3. За воден тек (река, езеро и сл.) ‒ излезе од коритото и потопи со вода поголема површина. Поради силните дождови реката разлеа и ги поплави нивите.
4. За растопен метал и сл. ‒ сипе во калапи. Среброто го разлеа во калапи и го остави да се излади.
5. (прен.) Направи нешто да се рашири, да се разнесе во разни правци. Сонцето ги разлеа своите зраци врз градот. Ветрот го разлеа мирисот на топол ајвар.
Коњугација: (ќе) разлеев , (ќе) разлееја , (ќе) разлеел , разлеав , разлеаја , разлеал , разлеан , разлеат , разлеен, разлеј , разлејте .
Изведени зборови:
- разлевање, глаг. им. ср.
- (се) разлева, глаг. несв. (се) разлеваат
- се ~ разлее, 1. а) За течност ‒ се излее, се истури, истече. Сокот од бонбоните му се разлеал по муцката. б) За воден тек (река, езеро и сл.) ‒ излезе од коритото, излезе преку брегот, се излее. По силните порои реката се разлеа. 2. (прен.) а) Се рашири, зафати некаква површина. Надвор топла месечина се разлеа по ливадите. Пријатна ладовина се разлеа по селото. По нејзините образи се разлеа црвенило. б) Обземе некого, нечии чувства. Некаква нежност му се разлеа во душата. Задоволство му се разлеа низ лицето. в) Се разнесе, се расчуе. Се разлеа тивка музика во ноќта. По долината се разлеа заглушен вик. г) За насмевка ‒ се појави. Горда насмевка му се разлеа на лицето. 3. Се растопи. Восокот се разлеа по свеќниците.
Оригинални податоци:
разлее, разлеат; разлеј, разлејте; разлеав, разлеаја; разлеал; разлеан; (ќе) разлеев, (ќе) разлееја; (ќе) разлеел; разлеен св. 1. Истури, исипе течност од сад. Сето млеко го разлеа од тенџерето. 2. Налее во повеќе садови, на повеќе места. Го разлеа кафето во филџаните и ги послужи гостите. 3. За воден тек (река, езеро и сл.) ‒ излезе од коритото и потопи со вода поголема површина. Поради силните дождови реката разлеа и ги поплави нивите. 4. За растопен метал и сл. ‒ сипе во калапи. Среброто го разлеа во калапи и го остави да се излади. 5. (прен.) Направи нешто да се рашири, да се разнесе во разни правци. Сонцето ги разлеа своите зраци врз градот. Ветрот го разлеа мирисот на топол ајвар. ● се ~ 1. а) За течност ‒ се излее, се истури, истече. Сокот од бонбоните му се разлеал по муцката. б) За воден тек (река, езеро и сл.) ‒ излезе од коритото, излезе преку брегот, се излее. По силните порои реката се разлеа. 2. (прен.) а) Се рашири, зафати некаква површина. Надвор топла месечина се разлеа по ливадите. Пријатна ладовина се разлеа по селото. По нејзините образи се разлеа црвенило. б) Обземе некого, нечии чувства. Некаква нежност му се разлеа во душата. Задоволство му се разлеа низ лицето. в) Се разнесе, се расчуе. Се разлеа тивка музика во ноќта. По долината се разлеа заглушен вик. г) За насмевка ‒ се појави. Горда насмевка му се разлеа на лицето. 3. Се растопи. Восокот се разлеа по свеќниците. ‖ (се) разлева, (се) разлеваат несв. ‖ глаг. им. разлевање ср.