разлелека
Значење на разлелека:
Поттикне, предизвика некого силно, засилено да лелека; расплака, растажи некого. Тој разлелека и зави во црно многу мајки.Коњугација: разлелекаат.
Изведени зборови:
- разлелекување, глаг. им. ср.
- се ~ разлелека, Почне да лелека засилено, многу да плаче со лелек. Девојката се разлелека. Домашните се разлелекаа.
- (се) разлелекува, глаг. несв. (се) разлелекуваат
Оригинални податоци:
разлелека, разлелекаат св. Поттикне, предизвика некого силно, засилено да лелека; расплака, растажи некого. Тој разлелека и зави во црно многу мајки. ● се ~ Почне да лелека засилено, многу да плаче со лелек. Девојката се разлелека. Домашните се разлелекаа. ‖ (се) разлелекува, (се) разлелекуваат несв. ‖ глаг. им. разлелекување ср.