разлета се
Значење на разлета се:
1. Почне да лета на разни страни, лета насекаде (птици или летечки објект). На небото се разлетале птици. Низ воздухот се разлетаа хеликоптери.
2. Се најде во лет, се разнесе насекаде. Од провевот се разлетаа листовите од масата. Лесните пердуви се разлетаа насекаде во собата. Куршуми се разлетаа над нивните глави.
3. (прен.) Почне да бега на разни страни. Децата се разлетаа низ куќата. Ние се разлетавме на сите страни.
Коњугација: се разлетаат.
Изведени зборови:
- разлетување, глаг. им. ср.
- се разлетува, глаг. несв. се разлетуваат
Оригинални податоци:
разлета се, се разлетаат св. 1. Почне да лета на разни страни, лета насекаде (птици или летечки објект). На небото се разлетале птици. Низ воздухот се разлетаа хеликоптери. 2. Се најде во лет, се разнесе насекаде. Од провевот се разлетаа листовите од масата. Лесните пердуви се разлетаа насекаде во собата. Куршуми се разлетаа над нивните глави. 3. (прен.) Почне да бега на разни страни. Децата се разлетаа низ куќата. Ние се разлетавме на сите страни. ‖ се разлетува, се разлетуваат несв. ‖ глаг. им. разлетување ср.