различен

Придавка

Значење на различен:

1. Поинаков (појава, предмет, лице и сл.) од другите, што се одделува според своите поинакви особености. Различен проект. Два различни света. Различни погледи на светот. Различен состав.

2. Разновиден, секаков, севозможен. Се применуваат различни постапки. Има различни луѓе. Различни модели автомобили. Тука има различни сорти вина.

Членувана форма: различниот.

Изведени зборови:

  • различно, прил. Поинаку. Зборува различно од своите другарки.
  • различност, и. ж.

Оригинални податоци:

различен, различниот прид. 1. Поинаков (појава, предмет, лице и сл.) од другите, што се одделува според своите поинакви особености. Различен проект. Два различни света. Различни погледи на светот. Различен состав. 2. Разновиден, секаков, севозможен. Се применуваат различни постапки. Има различни луѓе. Различни модели автомобили. Тука има различни сорти вина. ‖ различно прил. Поинаку. Зборува различно од своите другарки. ‖ различност ж.