разлигави
Значење на разлигави:
1. Направи некој или нешто да стане лигаво; валка, извалка со лиги; лигави. Таа ја разлигави новата кошула. Облеката на бебето беше разлигавена.
2. Направи некој да биде разгален, непослушен. Таа ги разлигави децата.
Коњугација: разлигават.
Изведени зборови:
- разлигавување, глаг. им. ср.
- се ~ разлигави, 1. Самиот себеси се направи со лиги. Јадеше лакомо и се разлигави. 2. (прен.) Се однесува разгалено, неприродно, се преправа; почне силно да плаче. Таа се разлигави пред нас, молеше и плачеше. Детето се разлигави за ништо. 3. (прен.) За време, временски услови ‒ стане врнежливо, калливо и сл. Времето се разлигави и почна да врне дожд.
- (се) разлигавува, глаг. несв. (се) разлигавуваат
Оригинални податоци:
разлигави, разлигават св. 1. Направи некој или нешто да стане лигаво; валка, извалка со лиги; сп. лигави. Таа ја разлигави новата кошула. Облеката на бебето беше разлигавена. 2. Направи некој да биде разгален, непослушен. Таа ги разлигави децата. ● се ~ 1. Самиот себеси се направи со лиги. Јадеше лакомо и се разлигави. 2. (прен.) Се однесува разгалено, неприродно, се преправа; почне силно да плаче. Таа се разлигави пред нас, молеше и плачеше. Детето се разлигави за ништо. 3. (прен.) За време, временски услови ‒ стане врнежливо, калливо и сл. Времето се разлигави и почна да врне дожд. ‖ (се) разлигавува, (се) разлигавуваат несв. ‖ глаг. им. разлигавување ср.