разлика
Значење на разлика:
1. Несоодветство, нееднаквост, неизедначеност, несогласување; состојба во која два поима (предмет, појава, лице) имаат поинакви карактеристики; елементот со кој се прикажува разликата меѓу поимите, степенот и количеството на несоодветството; диференцијација. Јазични разлики. Разлика во ставовите. Идејна разлика. Меѓу нив има многу сличности и разлики. Треба да се анализираат разликите и сличностите.
2. (мат.) Големина, сума што се јавува меѓу две величини, резултатот во математичката операција одземање. Во цените има само 50 денари разлика.
Множина: разлики.
Фразеолошки израз / поговорка:
Прави разлика ‒ 1. забележува дека нешто не е исто. 2. неправедно се однесува кон некого, дискриминира. Без разлика (на нешто) ‒ без исклучок, без ограничување на нешто. За разлика (од некого, од нешто) ‒ воведен или заклучен збор при споредба. За разлика од лани, годинава е сè поскапо. Денеска е многу потопло, за разлика од вчера.
Оригинални податоци:
разлика, мн. разлики ж. 1. Несоодветство, нееднаквост, неизедначеност, несогласување; состојба во која два поима (предмет, појава, лице) имаат поинакви карактеристики; елементот со кој се прикажува разликата меѓу поимите, степенот и количеството на несоодветството; сп. диференцијација. Јазични разлики. Разлика во ставовите. Идејна разлика. Меѓу нив има многу сличности и разлики. Треба да се анализираат разликите и сличностите. 2. (мат.) Големина, сума што се јавува меѓу две величини, резултатот во математичката операција одземање. Во цените има само 50 денари разлика. ◊ Прави разлика ‒ 1. забележува дека нешто не е исто. 2. неправедно се однесува кон некого, дискриминира. Без разлика (на нешто) ‒ без исклучок, без ограничување на нешто. За разлика (од некого, од нешто) ‒ воведен или заклучен збор при споредба. За разлика од лани, годинава е сè поскапо. Денеска е многу потопло, за разлика од вчера.