разликува

Глагол, несвршен

Спореди: диференцира.

Значење на разликува:

а) Прави разлика, распознава несоодветство, нееднаквост, поинакви карактеристики кај два или повеќе поими, појави, предмети лица итн. Тој веднаш ја разликува комовата од сливовата ракија. Тој ги разликува печурките. б) Разграничува, издвојува, распределува, врши поделба во групи со помош на разликата меѓу нив, врши диференцијација; Лингвистите разликуваат 4 вида партицип во рускиот јазик. Тој разликува морски од езерски ракови. в) Распознава, толкува нешто како различно со помош на сетилата. Далтонистите не ги разликуваат боите.

Коњугација: разликуваат.

Изведени зборови:

  • разликување, глаг. им. ср.
  • се ~ разликува, Се одликува, се одделува, се изделува по сопствените црти. Цвеќињата се разликуваат по бојата и по формата. Луѓето се разликуваат.

Оригинални податоци:

разликува, разликуваат несв. а) Прави разлика, распознава несоодветство, нееднаквост, поинакви карактеристики кај два или повеќе поими, појави, предмети лица итн. Тој веднаш ја разликува комовата од сливовата ракија. Тој ги разликува печурките. б) Разграничува, издвојува, распределува, врши поделба во групи со помош на разликата меѓу нив, врши диференцијација; сп. диференцира. Лингвистите разликуваат 4 вида партицип во рускиот јазик. Тој разликува морски од езерски ракови. в) Распознава, толкува нешто како различно со помош на сетилата. Далтонистите не ги разликуваат боите. ● се ~ Се одликува, се одделува, се изделува по сопствените црти. Цвеќињата се разликуваат по бојата и по формата. Луѓето се разликуваат. ‖ глаг. им. разликување ср.