разложи 1
Значење на разложи:
Раздели, оддели на составни елементи, на делови. Тој го разложи дадениот вектор. Професорот ги разложи примерите и ги систематизира според определена шема.Коњугација: разложат.
Изведени зборови:
- разложување, глаг. им. ср.
- се ~ разложи, 1. Се раздели на елементи, на составни делови. При хемиска анализа водата ќе се разложи на водород и кислород. Живата се разложува многу бавно и тешко. 2. Се распадне со гниење. Месото се разложи од топлото време.
- (се) разложува, глаг. несв. (се) разложуваат
Оригинални податоци:
разложи1, разложат св. Раздели, оддели на составни елементи, на делови. Тој го разложи дадениот вектор. Професорот ги разложи примерите и ги систематизира според определена шема. ● се ~ 1. Се раздели на елементи, на составни делови. При хемиска анализа водата ќе се разложи на водород и кислород. Живата се разложува многу бавно и тешко. 2. Се распадне со гниење. Месото се разложи од топлото време. ‖ (се) разложува, (се) разложуваат несв. ‖ глаг. им. разложување ср.