разлути 2
Значење на разлути:
1. Доведе некого во состојба на бес, гнев, лутина; налути, разгневи, расрди некого. Тој ја разлути девојката со своето непристојно однесување. Таа ги разлути кучињата. Неговата арогантност ги разлути присутните.
2. Засили болка на некоја повреда, рана. Ракијата му ја разлути раната. Новата терапија му ја разлути болеста на момчето.
Коњугација: разлутат.
Изведени зборови:
- разлутување, глаг. им. ср.
- се ~ разлути, Стане лут, гневен; се гневи, се нервира, се расрди, се налути. Момчето многу се разлути. Пчелите се разлутија. Тој се разлути и почна да вика.
- (се) разлутува, глаг. несв. (се) разлутуваат
Оригинални податоци:
разлути2, разлутат св. 1. Доведе некого во состојба на бес, гнев, лутина; налути, разгневи, расрди некого. Тој ја разлути девојката со своето непристојно однесување. Таа ги разлути кучињата. Неговата арогантност ги разлути присутните. 2. Засили болка на некоја повреда, рана. Ракијата му ја разлути раната. Новата терапија му ја разлути болеста на момчето. ● се ~ Стане лут, гневен; се гневи, се нервира, се расрди, се налути. Момчето многу се разлути. Пчелите се разлутија. Тој се разлути и почна да вика. ‖ (се) разлутува, (се) разлутуваат несв. ‖ глаг. им. разлутување ср.