размачка

Глагол, свршен

Значење на размачка:

1. Со мачкање стави тенок слој, разнесе нешто по некоја површина. Таа го размачка маргаринот врз парчето леб.

2. Со мачкање извалка. Само ги размачка прозорците, не ги избриша. Детето ја размачка масата додека јадеше.

Коњугација: размачкаат.

Изведени зборови:

  • размачкување, глаг. им. ср.
  • се ~ размачка, 1. Стане измачкано, со мачкање извалкано. Таа се размачка по лицато додека јадеше. Детето се размачка со чоколадото. 2. Стане смачкано. Јагодите се размачкале во ќесето.
  • (се) размачкува, глаг. несв. (се) размачкуваат

Оригинални податоци:

размачка, размачкаат св. 1. Со мачкање стави тенок слој, разнесе нешто по некоја површина. Таа го размачка маргаринот врз парчето леб. 2. Со мачкање извалка. Само ги размачка прозорците, не ги избриша. Детето ја размачка масата додека јадеше. ● се ~ 1. Стане измачкано, со мачкање извалкано. Таа се размачка по лицато додека јадеше. Детето се размачка со чоколадото. 2. Стане смачкано. Јагодите се размачкале во ќесето. ‖ (се) размачкува, (се) размачкуваат несв. ‖ глаг. им. размачкување ср.