размати

Глагол, свршен

Значење на размати:

1. Направи нешто да биде матно со мешање, со матење. Таа ја размати водата во вирот.

2. Размеша, смеша. Разматете ги јајцата и додадете шеќер. Таа убаво го размати млекото.

3. (прен.) Стори нешто да биде нејасно, со лаги направи да се добие поинаква претстава за нешто. Тие му го разматија мозокот на момчето. Многу ја разматија работата. Таа им ги размати сметките.

Коњугација: разматат.

Изведени зборови:

  • разматување, глаг. им. ср.
  • се ~ размати, 1. Стане матно, размешано, изгуби бистрина. Водата во вирот се размати. 2. Стане нешто нејасно. Целата вистина се размати.
  • (се) разматува, глаг. несв. (се) разматуваат

Оригинални податоци:

размати, разматат св. 1. Направи нешто да биде матно со мешање, со матење. Таа ја размати водата во вирот. 2. Размеша, смеша. Разматете ги јајцата и додадете шеќер. Таа убаво го размати млекото. 3. (прен.) Стори нешто да биде нејасно, со лаги направи да се добие поинаква претстава за нешто. Тие му го разматија мозокот на момчето. Многу ја разматија работата. Таа им ги размати сметките. ● се ~ 1. Стане матно, размешано, изгуби бистрина. Водата во вирот се размати. 2. Стане нешто нејасно. Целата вистина се размати. ‖ (се) разматува, (се) разматуваат несв. ‖ глаг. им. разматување ср.