размав
Само во еднина.
Значење на размав:
1. Силен замав, широчина на развој, обем, размер; засиленост на некоја активност, дејност или движење. Размавот на економијата се движи со засилено темпо. Творечки размав. Полн размав на нејзиниот глас.
2. Растојание меѓу две крајни точки по широчината на нешто. Размавот на крилјата е голем. Широк размав. Нов модел на авион со необичен размер на крилата.
Оригинални податоци:
размав (само едн.) м. 1. Силен замав, широчина на развој, обем, размер; засиленост на некоја активност, дејност или движење. Размавот на економијата се движи со засилено темпо. Творечки размав. Полн размав на нејзиниот глас. 2. Растојание меѓу две крајни точки по широчината на нешто. Размавот на крилјата е голем. Широк размав. Нов модел на авион со необичен размер на крилата.