размекне

Глагол, свршен

Значење на размекне:

1. Направи да стане меко, омекне, смекне. Водата ја размекна глината. Топлината го размекна снегот. Таа го размекна квасецот во филџан вода.

2. (прен.) Повлијае, подејствува врз некого да стане душевно мек, да се одоброволи, да попушти. Старите песни му ја размекнаа душата.

Коњугација: (ќе) размекнеа , (ќе) размекнев , (ќе) размекнел, размекнаа , размекнав , размекнал , размекнат , размекнат , размекнете , размекни .

Изведени зборови:

  • размекнување, глаг. им. ср.
  • се ~ размекне, 1. Стане мек под дејство на надворешно влијание. Земјата се размекна од поројните дождови. 2. (прен.) Стане душевно мек, попустлив. Момчето се размекна кога го слушна нејзиниот глас.
  • (се) размекнува, глаг. несв. (се) размекнуваат

Оригинални податоци:

размекне, размекнат; размекни, размекнете; размекнав, размекнаа; размекнал; размекнат; (ќе) размекнев, (ќе) размекнеа; (ќе) размекнел св. 1. Направи да стане меко, омекне, смекне. Водата ја размекна глината. Топлината го размекна снегот. Таа го размекна квасецот во филџан вода. 2. (прен.) Повлијае, подејствува врз некого да стане душевно мек, да се одоброволи, да попушти. Старите песни му ја размекнаа душата. ● се ~ 1. Стане мек под дејство на надворешно влијание. Земјата се размекна од поројните дождови. 2. (прен.) Стане душевно мек, попустлив. Момчето се размекна кога го слушна нејзиниот глас. ‖ (се) размекнува, (се) размекнуваат несв. ‖ глаг. им. размекнување ср.