размени

Глагол, свршен

Значење на размени:

1. Даде нешто во замена за друго, изврши размена, обично со иста вредност, замени. Децата разменија сликички. Ние ги разменивме книгите. Таа ги размени денарите во евра.

2. Случајно смени едно нешто со друго, замени по грешка. Гардероберката ги разменила палтата.

3. (прен.) Меѓусебно сподели, каже, претстави, изврши нешто. Тие разменија погледи. Размени мислења. Размени посети.

Коњугација: разменат.

Изведени зборови:

  • разменува, глаг. несв. разменуваат
  • разменување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

размени, разменат св. 1. Даде нешто во замена за друго, изврши размена, обично со иста вредност, замени. Децата разменија сликички. Ние ги разменивме книгите. Таа ги размени денарите во евра. 2. Случајно смени едно нешто со друго, замени по грешка. Гардероберката ги разменила палтата. 3. (прен.) Меѓусебно сподели, каже, претстави, изврши нешто. Тие разменија погледи. Размени мислења. Размени посети. ‖ разменува, разменуваат несв. ‖ глаг. им. разменување ср.