размер
Значење на размер:
1. Големина, пропорции определени со некаков вид мерливост. Фотографии во размер на поштенска картичка. Размерот на кошаркарското игралиште е помал од размерот на фудбалското игралиште.
2. Степен на опфат, широчина во која се простира нешто. Катастрофа со големи размери. Болеста опфаќа невидени размери.
3. (лит.) Метричка структура на стихот; метар. Поезијата е со карактеристичен размер на стихот.
4. Однос на должината на линиите на географска карта, план, цртеж и сл. наспрема должината во стварноста. Размер 1: 1000.
Множина: размери.
Оригинални податоци:
размер, мн. размери м. 1. Големина, пропорции определени со некаков вид мерливост. Фотографии во размер на поштенска картичка. Размерот на кошаркарското игралиште е помал од размерот на фудбалското игралиште. 2. Степен на опфат, широчина во која се простира нешто. Катастрофа со големи размери. Болеста опфаќа невидени размери. 3. (лит.) Метричка структура на стихот; метар. Поезијата е со карактеристичен размер на стихот. 4. Однос на должината на линиите на географска карта, план, цртеж и сл. наспрема должината во стварноста. Размер 1: 1000.