размете

Глагол, свршен

Значење на размете:

Расчисти со метење. Таа го размете дворот.

Коњугација: (ќе) разметеа , (ќе) разметев , (ќе) разметел , размел , разметат , разметен, разметете , размети , разметоа , разметов .

Изведени зборови:

  • разметување, глаг. им. ср.
  • се ~ размете, Почне многу да мете. Домаќинката се размете. Таа рано наутро се размела.
  • (се) разметува, глаг. несв. (се) разметуваат

Оригинални податоци:

размете, разметат; размети, разметете; разметов, разметоа; размел; (ќе) разметев; (ќе) разметеа; (ќе) разметел; разметен св. Расчисти со метење. Таа го размете дворот. ● се ~ Почне многу да мете. Домаќинката се размете. Таа рано наутро се размела. ‖ (се) разметува, (се) разметуваат несв. ‖ глаг. им. разметување ср.