размине

Глагол, свршен

Значење на размине:

1. (само 3 л., разг.) Помине, измине, исчезне. Детството размина и младоста бргу размина.

2. Помине некому некаква состојба. Пијанството му размина. Дремката му размина.

Коњугација: (ќе) разминеа , (ќе) разминев , (ќе) разминел, разминаа , разминав , разминал , разминат , разминете , размини .

Изведени зборови:

  • разминување, глаг. им. ср.
  • се ~ размине, 1. Мине еден крај друг во спротивен правец. Колите одвај се разминаа. Тие се разминаа на скалите, но не се поздравија. 2. Мине крај некого без да го види; не успее да се сретне при движење во ист простор. Тие се разминаа за малку. Тие се разминаа без поздрав. Ако побрзаш, нема да се разминеме.
  • (се) разминува, глаг. несв. (се) разминуваат

Оригинални податоци:

размине, разминат; размини, разминете; разминав, разминаа; разминал; (ќе) разминев; (ќе) разминеа; (ќе) разминел св. 1. (само 3 л., разг.) Помине, измине, исчезне. Детството размина и младоста бргу размина. 2. Помине некому некаква состојба. Пијанството му размина. Дремката му размина. ● се ~ 1. Мине еден крај друг во спротивен правец. Колите одвај се разминаа. Тие се разминаа на скалите, но не се поздравија. 2. Мине крај некого без да го види; не успее да се сретне при движење во ист простор. Тие се разминаа за малку. Тие се разминаа без поздрав. Ако побрзаш, нема да се разминеме. ‖ (се) разминува, (се) разминуваат несв. ‖ глаг. им. разминување ср.