размисли

Глагол, свршен

Значење на размисли:

Со мислење оцени, одмери, расуди, дојде до некаков став, заклучи; обмисли сестрано. Тој размисли добро пред да дојде кај нас. Размисли за понудата, а потоа одговори ми. Јас треба да размислам како да му помогнам.

Коњугација: размислат.

Изведени зборови:

  • размислување, глаг. им. ср.
  • се ~ размисли, Се внесе, се оддаде на размислување, се задлабочи во мисли. Тој се размисли дали да дојде со нас.
  • (се) размислува, глаг. несв. (се) размислуваат

Оригинални податоци:

размисли, размислат св. Со мислење оцени, одмери, расуди, дојде до некаков став, заклучи; обмисли сестрано. Тој размисли добро пред да дојде кај нас. Размисли за понудата, а потоа одговори ми. Јас треба да размислам како да му помогнам. ● се ~ Се внесе, се оддаде на размислување, се задлабочи во мисли. Тој се размисли дали да дојде со нас. ‖ (се) размислува, (се) размислуваат несв. ‖ глаг. им. размислување ср.