размота

Глагол, свршен

Значење на размота:

Развие, одмота нешто замотано. Таа го размота клопчето. Тој ја размота хартијата од кутијата.

Коњугација: размотаат.

Изведени зборови:

  • размотување, глаг. им. ср.
  • се ~ размота, Се развие, се одмота нешто замотано. Конецот се размотал од макарата.
  • (се) размотува, глаг. несв. (се) размотуваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Клопчето се размота ‒ се откри вистината, се разјасни нешто.

Оригинални податоци:

размота, размотаат св. Развие, одмота нешто замотано. Таа го размота клопчето. Тој ја размота хартијата од кутијата. ● се ~ Се развие, се одмота нешто замотано. Конецот се размотал од макарата. ◊ Клопчето се размота ‒ се откри вистината, се разјасни нешто. ‖ (се) размотува, (се) размотуваат несв. ‖ глаг. им. размотување ср.