размотка

Глагол, свршен

Значење на размотка:

1. Развие нешто размотано; размота. Тој ја размотка макарата.

2. Бесцелно рашета некого наоколу. Таа ја размотка другарката по продавници.

3. (прен.) Лаже, мами некого. Тој ги размотка родителите со своите приказни.

Коњугација: размоткаат.

Изведени зборови:

  • размоткување, глаг. им. ср.
  • се ~ размотка, 1. Се развие, се одмота. Макарата се размотка. 2. Се рашета бесцелно. Тие се размоткале по продавници.
  • (се) размоткува, глаг. несв. (се) размоткуваат

Оригинални податоци:

размотка, размоткаат св. 1. Развие нешто размотано; сп. размота. Тој ја размотка макарата. 2. Бесцелно рашета некого наоколу. Таа ја размотка другарката по продавници. 3. (прен.) Лаже, мами некого. Тој ги размотка родителите со своите приказни. ● се ~ 1. Се развие, се одмота. Макарата се размотка. 2. Се рашета бесцелно. Тие се размоткале по продавници. ‖ (се) размоткува, (се) размоткуваат несв. ‖ глаг. им. размоткување ср.