размрда
Значење на размрда:
1. Направи да се движи, направи кратки движења, раздвижи нешто. Тој ги размрда нозете. Ветрот ги размрда гранките.
2. (прен.) Натера некого да почне да работи, да биде активен. Новонастанатата состојба го размрда членството. Таа ги размрда сите и за час ја исчистија собата. Агата ги размрда слугите.
Коњугација: размрдаат.
Изведени зборови:
- размрдување, глаг. им. ср.
- се ~ размрда, 1. Се раздвижи, почне да мрда. Тој се размрда малку на клупата. 2. (прен.) Почне да работи, да биде активен. Вработените се размрдаа. Селаните се размрдаа и ископаа голем канал.
- (се) размрдува, глаг. несв. (се) размрдуваат
Оригинални податоци:
размрда, размрдаат св. 1. Направи да се движи, направи кратки движења, раздвижи нешто. Тој ги размрда нозете. Ветрот ги размрда гранките. 2. (прен.) Натера некого да почне да работи, да биде активен. Новонастанатата состојба го размрда членството. Таа ги размрда сите и за час ја исчистија собата. Агата ги размрда слугите. ● се ~ 1. Се раздвижи, почне да мрда. Тој се размрда малку на клупата. 2. (прен.) Почне да работи, да биде активен. Вработените се размрдаа. Селаните се размрдаа и ископаа голем канал. ‖ (се) размрдува, (се) размрдуваат несв. ‖ глаг. им. размрдување ср.