размрзне
Значење на размрзне:
1. Мине во состојба спротивна од замрзнат. Мразот размрзна и улицата се наполни со вода. Од топлината месото размрзна.
2. Ослободи од мраз. Таа го размрзна фрижидерот. Тој ја размрзна чешмата.
Коњугација: (ќе) размрзнеа , (ќе) размрзнев , (ќе) размрзнел, размрзнаа , размрзнав , размрзнал , размрзнат , размрзнат , размрзнете , размрзни .
Изведени зборови:
- размрзнување, глаг. им. ср.
- се ~ размрзне, Мине, прејде од замрзната во незамрзната состојба. Потокот се размрзна. Месото се размрзна.
- (се) размрзнува, глаг. несв. (се) размрзнуваат
Оригинални податоци:
размрзне, размрзнат; размрзни, размрзнете; размрзнав, размрзнаа; размрзнал; размрзнат; (ќе) размрзнев, (ќе) размрзнеа; (ќе) размрзнел св. 1. Мине во состојба спротивна од замрзнат. Мразот размрзна и улицата се наполни со вода. Од топлината месото размрзна. 2. Ослободи од мраз. Таа го размрзна фрижидерот. Тој ја размрзна чешмата. ● се ~ Мине, прејде од замрзната во незамрзната состојба. Потокот се размрзна. Месото се размрзна. ‖ (се) размрзнува, (се) размрзнуваат несв. ‖ глаг. им. размрзнување ср.