разнебити
Значење на разнебити:
1. Целосно уништи, разруши. Преселбите го разнебитија народот. Ваквите написи го разнебитија весникот.
2. (прен.) Сосипе, растрои. Момчето ги разнебити родителите.
Коњугација: разнебитат.
Изведени зборови:
- разнебитување, глаг. им. ср.
- се ~ разнебити, Се уништи, се сосипе, се разруши. Фабриката се разнебити. Селото се разнебити.
- (се) разнебитува, глаг. несв. (се) разнебитуваат
Оригинални податоци:
разнебити, разнебитат св. 1. Целосно уништи, разруши. Преселбите го разнебитија народот. Ваквите написи го разнебитија весникот. 2. (прен.) Сосипе, растрои. Момчето ги разнебити родителите. ● се ~ Се уништи, се сосипе, се разруши. Фабриката се разнебити. Селото се разнебити. ‖ (се) разнебитува, (се) разнебитуваат несв. ‖ глаг. им. разнебитување ср.