разнесе

Глагол, свршен

Значење на разнесе:

1. Носејќи достави до мнозина, на различни места, раздаде нешто на присутни. Поштарот ги разнесе писмата. Студентите го разнесоа материјалот до сите.

2. Развее, расее. Ветрот ги разнесуваше жолтите лисја низ градината. Провевот ги разнесе листовите од масата.

3. Разграба, разземе. Роднините му разнесоа сè од куќата. Неколкумина ја разнесоа фабриката и така се збогатија.

4. Разбие, раздроби на делови, разруши. Мините го разнесоа на парчиња кутриот добиток. Бомбите ги разнесоа куќите.

5. (прен.) Соопшти, разгласи. Таа ја разнесе веста низ целото село. Радиото ја разнесе тажната вест.

Коњугација: (ќе) разнесеа , (ќе) разнесев , (ќе) разнесел , разнесат , разнесен, разнесете , разнеси , разнесле и разнел , разнесоа , разнесов , разнесол .

Изведени зборови:

  • разнесување, глаг. им. ср.
  • се ~ разнесе, 1. Се рашири, се распространи, зеде замав. Шапот и лигавката се разнесоа низ целата земја. Вирусот се разнесе низ сите соседни земји. 2. Прозвучи, се разлее звук, се слушне надалеку, одекне. Силна смеа се разнесе меѓу публиката. Нивната песна се разнесе надалеку. Силен тресок се разнесе во влезот.
  • (се) разнесува, глаг. несв. (се) разнесуваат

Оригинални податоци:

разнесе, разнесат; разнеси, разнесете; разнесов, разнесоа; разнесол, разнесле и разнел; (ќе) разнесев, (ќе) разнесеа; (ќе) разнесел; разнесен св. 1. Носејќи достави до мнозина, на различни места, раздаде нешто на присутни. Поштарот ги разнесе писмата. Студентите го разнесоа материјалот до сите. 2. Развее, расее. Ветрот ги разнесуваше жолтите лисја низ градината. Провевот ги разнесе листовите од масата. 3. Разграба, разземе. Роднините му разнесоа сè од куќата. Неколкумина ја разнесоа фабриката и така се збогатија. 4. Разбие, раздроби на делови, разруши. Мините го разнесоа на парчиња кутриот добиток. Бомбите ги разнесоа куќите. 5. (прен.) Соопшти, разгласи. Таа ја разнесе веста низ целото село. Радиото ја разнесе тажната вест. ● се ~ 1. Се рашири, се распространи, зеде замав. Шапот и лигавката се разнесоа низ целата земја. Вирусот се разнесе низ сите соседни земји. 2. Прозвучи, се разлее звук, се слушне надалеку, одекне. Силна смеа се разнесе меѓу публиката. Нивната песна се разнесе надалеку. Силен тресок се разнесе во влезот. ‖ (се) разнесува, (се) разнесуваат несв. ‖ глаг. им. разнесување ср.