разниша
Значење на разниша:
1. Направи нешто да почне да се ниша, да изгуби цврстина, стабилност. Ветрот ги разниша сувите гранки. Земјотресот ги разниша трошните куќи.
2. (прен.) а) Направи некој да изгуби сигурност (на работно место, функција и сл.). Реформите ја разнишаа неговата позиција. б) Направи некој да изгуби уверување, решителност, да почне да се колеба. Тој ја разниша самодовербата кај момчето.
Коњугација: разнишаат.
Изведени зборови:
- разнишување, глаг. им. ср.
- се ~ разниша, Почне да се ниша, изгуби цврстина, стабилност, се расклати. Зградата се разниша од силниот потрес. Мостот се разниша од силниот порој.
- (се) разнишува, глаг. несв. (се) разнишуваат
Оригинални податоци:
разниша, разнишаат св. 1. Направи нешто да почне да се ниша, да изгуби цврстина, стабилност. Ветрот ги разниша сувите гранки. Земјотресот ги разниша трошните куќи. 2. (прен.) а) Направи некој да изгуби сигурност (на работно место, функција и сл.). Реформите ја разнишаа неговата позиција. б) Направи некој да изгуби уверување, решителност, да почне да се колеба. Тој ја разниша самодовербата кај момчето. ● се ~ Почне да се ниша, изгуби цврстина, стабилност, се расклати. Зградата се разниша од силниот потрес. Мостот се разниша од силниот порој. ‖ (се) разнишува, (се) разнишуваат несв. ‖ глаг. им. разнишување ср.