разногласен

Придавка

Значење на разногласен:

1. Што е составен од различни гласови, од повеќе гласови. Разногласни мелодии. Разногласни звуци.

2. Што не се согласува во мислењата, во ставовите; разногласие Во врска со ова ние сме разногласни.

Членувана форма: разногласниот.

Изведени зборови:

  • разногласно, прил. Со различни гласови. Пееја разногласно.
  • разногласност, и. ж.

Оригинални податоци:

разногласен, разногласниот прид. 1. Што е составен од различни гласови, од повеќе гласови. Разногласни мелодии. Разногласни звуци. 2. Што не се согласува во мислењата, во ставовите; сп. разногласие 1. Во врска со ова ние сме разногласни. ‖ разногласно прил. Со различни гласови. Пееја разногласно. ‖ разногласност ж.