разногласие
Значење на разногласие:
1. Несогласување, различност во мислењата, гледиштата, ставовите. Разногласие околу поимот национална програма. Разногласие околу ова прашање.
2. (муз.) Неусогласеност, несложување во пеењето.
Множина: разногласија, разногласја.
Алтернативно: разногласје
Оригинални податоци:
разногласие, мн. разногласија и разногласје, мн. разногласја ср. 1. Несогласување, различност во мислењата, гледиштата, ставовите. Разногласие околу поимот национална програма. Разногласие околу ова прашање. 2. (муз.) Неусогласеност, несложување во пеењето.