разобличи
Значење на разобличи:
1. Јавно покаже нечиј негативен лик, улога, постапка; демаскира нечие однесување или дејствување. Авторот ја разобличил сета нивна аморалност и хипокризија.
2. Физички смени нечиј лик применувајќи сила; изобличи. Тој го разобличи момчето од силниот ќотек.
Коњугација: разобличат.
Изведени зборови:
- разобличување, глаг. им. ср.
- се ~ разобличи, 1. Се покаже со своите негативности. Тие се разобличија самите со своите зборови. 2. Смени лик од гнев, лутина, бес и сл. Таа се разобличи од лутина.
- (се) разобличува, глаг. несв. (се) разобличуваат
Оригинални податоци:
разобличи, разобличат св. 1. Јавно покаже нечиј негативен лик, улога, постапка; демаскира нечие однесување или дејствување. Авторот ја разобличил сета нивна аморалност и хипокризија. 2. Физички смени нечиј лик применувајќи сила; сп. изобличи. Тој го разобличи момчето од силниот ќотек. ● се ~ 1. Се покаже со своите негативности. Тие се разобличија самите со своите зборови. 2. Смени лик од гнев, лутина, бес и сл. Таа се разобличи од лутина. ‖ (се) разобличува, (се) разобличуваат несв. ‖ глаг. им. разобличување ср.