разопита

Глагол, свршен

Дијалектен збор.

Значење на разопита:

Праша, распраша, опита повеќе и повеќемина за нешто или за некого. Таа ги разопита соседите за момичето.

Коњугација: разопитаат.

Изведени зборови:

  • се ~ разопита, 1. Се распраша, се опита. Таа се разопита за момчето. 2. Се обиде во нешто. Тој се разопита да сади тутун. Таа се разопита да се соземе.
  • (се) разопитува, глаг. несв. (се) разопитуваат

Оригинални податоци:

разопита, разопитаат св. (дијал.) Праша, распраша, опита повеќе и повеќемина за нешто или за некого. Таа ги разопита соседите за момичето. ● се ~ 1. Се распраша, се опита. Таа се разопита за момчето. 2. Се обиде во нешто. Тој се разопита да сади тутун. Таа се разопита да се соземе. ‖ (се) разопитува, (се) разопитуваат несв.