разори

Глагол, свршен

Значење на разори:

1. Опустоши, разнесе (со експлозив и сл.); разурне, разруши. Војската ја разори зградата со бомби. Атомската бомба го разори градот. Земјотресот го разори Скопје.

2. (прен.) Уништи, запусти, сосипе материјално. Тие ја разорија организацијата. Новата економска програма го разори селото.

Коњугација: разорат.

Изведени зборови:

  • разорува, глаг. несв. разоруваат
  • разорување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

разори, разорат св. 1. Опустоши, разнесе (со експлозив и сл.); сп. разурне, разруши. Војската ја разори зградата со бомби. Атомската бомба го разори градот. Земјотресот го разори Скопје. 2. (прен.) Уништи, запусти, сосипе материјално. Тие ја разорија организацијата. Новата економска програма го разори селото. ‖ разорува, разоруваат несв. ‖ глаг. им. разорување ср.