разортачи

Глагол, свршен

Значење на разортачи:

1. Растури ортаклак со некого; ортачи, заортачи. Тој го разортачи.

2. (прен.) Прекине дружба, пријателство. Таа ја разортачи првата сосетка.

Коњугација: разортачат.

Изведени зборови:

  • разортачување, глаг. им. ср.
  • се ~ разортачи, 1. Растури ортаклак еден со друг. По неколку заеднички потфати тие се разортачија и ја поделија фирмата. 2. (прен.) Прекине дружба, пријателство заемно. Се разортачивме, сега не се поздравуваме. Се разортачи друштвото за на кафе.
  • (се) разортачува, глаг. несв. (се) разортачуваат

Оригинални податоци:

разортачи, разортачат св. 1. Растури ортаклак со некого; спрот. ортачи, заортачи. Тој го разортачи. 2. (прен.) Прекине дружба, пријателство. Таа ја разортачи првата сосетка. ● се ~ 1. Растури ортаклак еден со друг. По неколку заеднички потфати тие се разортачија и ја поделија фирмата. 2. (прен.) Прекине дружба, пријателство заемно. Се разортачивме, сега не се поздравуваме. Се разортачи друштвото за на кафе. ‖ (се) разортачува, (се) разортачуваат несв. ‖ глаг. им. разортачување ср.