разоткрие

Глагол, свршен

Значење на разоткрие:

1. Открие докрај нешто покриено. Таа го разоткри детето и го натера да стане. Го разоткри лицето и го фрли фереџето.

2. Открие, расветли некоја скришна дејност или разјасни нешто неразјаснето. Инспекцијата ја разоткри трговијата со оружје. Полицијата го разоткри убиството.

Коњугација: (ќе) разоткриев , (ќе) разоткриеја , (ќе) разоткриел , разоткрив , разоткриен, разоткриј , разоткрија , разоткријат , разоткријте , разоткрил .

Изведени зборови:

  • разоткривање, глаг. им. ср.
  • (се) разоткрива, глаг. несв. (се) разоткриваат
  • се ~ разоткрие, 1. Симне прекривка, облека и сл. од себе. Девојчето се разоткри и стана од постелата. Таа го симна превезот и се разоткри пред гостите. 2. (прен.) Се појави, се покаже пред некого некаква глетка, простор. Пред нас се разоткри ливада со цвеќе. Пред нас се разоткрија зелени полиња. 3. (прен.) Се отвори пред некого, се довери. Момчето се разоткри пред мене.

Оригинални податоци:

разоткрие, разоткријат; разоткриј, разоткријте; разоткрив, разоткрија; разоткрил; (ќе) разоткриев, (ќе) разоткриеја; (ќе) разоткриел; разоткриен св. 1. Открие докрај нешто покриено. Таа го разоткри детето и го натера да стане. Го разоткри лицето и го фрли фереџето. 2. Открие, расветли некоја скришна дејност или разјасни нешто неразјаснето. Инспекцијата ја разоткри трговијата со оружје. Полицијата го разоткри убиството. ● се ~ 1. Симне прекривка, облека и сл. од себе. Девојчето се разоткри и стана од постелата. Таа го симна превезот и се разоткри пред гостите. 2. (прен.) Се појави, се покаже пред некого некаква глетка, простор. Пред нас се разоткри ливада со цвеќе. Пред нас се разоткрија зелени полиња. 3. (прен.) Се отвори пред некого, се довери. Момчето се разоткри пред мене. ‖ (се) разоткрива, (се) разоткриваат несв. ‖ глаг. им. разоткривање ср.