разработи

Глагол, свршен

Значење на разработи:

1. Направи да работи добро, интензивно, во голема мера, оспособи за користење. Жените ја разработија ткајачницата. Новите сопственици го разработија дуќанот.

2. Испита, развие нешто во детали. Тие добро го разработија планот. Фудбалерите ја разработија тактиката за второто полувреме.

Коњугација: разработат.

Изведени зборови:

  • разработување, глаг. им. ср.
  • се ~ разработи, Почне да работи во голема мера, интензивно. Тој се разработи по некое време.
  • (се) разработува, глаг. повт. (се) разработуваат

Оригинални податоци:

разработи, разработат св. 1. Направи да работи добро, интензивно, во голема мера, оспособи за користење. Жените ја разработија ткајачницата. Новите сопственици го разработија дуќанот. 2. Испита, развие нешто во детали. Тие добро го разработија планот. Фудбалерите ја разработија тактиката за второто полувреме. ● се ~ Почне да работи во голема мера, интензивно. Тој се разработи по некое време. ‖ (се) разработува, (се) разработуваат повт. ‖ глаг. им. разработување ср.