разреди 1

Глагол, свршен

Значење на разреди:

1. Зголеми растојание меѓу одделни лица или предмети, размести пооддалечено, смести на определена оддалеченост. Наставничката ги разреди учениците. Ветрот ги разреди лисјата на дрвјата. Непланските сечења ја разредија шумата. Таа го разреди расадот.

2. а) Направи да стане поретко, раствори со течност (течност, маса, супстанција). Тој ја разреди бојата со вода. Тој ја разреди ракијата со вода. Таа го разреди млекото со вода. б) За маса во гасовита агрегатна состојба. Ветрот го разреди чадот во собата.

Коњугација: разредат.

Изведени зборови:

  • разредување, глаг. им. ср.
  • се ~ разреди, 1. Застане на поголемо растојание еден од друг. Учениците се разредија. Групата се разреди. 2. Стане поретко (за воздух или за некаква супстанција), се раствори. Воздухот во просторијата се разреди.
  • (се) разредува, глаг. несв. (се) разредуваат

Оригинални податоци:

разреди1, разредат св. 1. Зголеми растојание меѓу одделни лица или предмети, размести пооддалечено, смести на определена оддалеченост. Наставничката ги разреди учениците. Ветрот ги разреди лисјата на дрвјата. Непланските сечења ја разредија шумата. Таа го разреди расадот. 2. а) Направи да стане поретко, раствори со течност (течност, маса, супстанција). Тој ја разреди бојата со вода. Тој ја разреди ракијата со вода. Таа го разреди млекото со вода. б) За маса во гасовита агрегатна состојба. Ветрот го разреди чадот во собата. ● се ~ 1. Застане на поголемо растојание еден од друг. Учениците се разредија. Групата се разреди. 2. Стане поретко (за воздух или за некаква супстанција), се раствори. Воздухот во просторијата се разреди. ‖ (се) разредува, (се) разредуваат несв. ‖ глаг. им. разредување ср.