разреши

Глагол, свршен

Значење на разреши:

1. Реши со обмислување, најде вистинско решение, најде правилен одговор. Дали може да се разреши загатката на животот? Тој ќе разреши кому ќе припадне наградата.

2. Ослободи некого од обврска, од должност, од функција и сл. Комисијата го разреши од должност заменик‒министерот. Тие го разрешија од функцијата.

Коњугација: разрешат.

Изведени зборови:

  • разрешување, глаг. им. ср.
  • се ~ разреши, Добие решение, се разјасни. Уште вечерта се разреши големата тајна. Спорот за имотот наскоро ќе се разреши.
  • (се) разрешува, глаг. несв. (се) разрешуваат

Оригинални податоци:

разреши, разрешат св. 1. Реши со обмислување, најде вистинско решение, најде правилен одговор. Дали може да се разреши загатката на животот? Тој ќе разреши кому ќе припадне наградата. 2. Ослободи некого од обврска, од должност, од функција и сл. Комисијата го разреши од должност заменик‒министерот. Тие го разрешија од функцијата. ● се ~ Добие решение, се разјасни. Уште вечерта се разреши големата тајна. Спорот за имотот наскоро ќе се разреши. ‖ (се) разрешува, (се) разрешуваат несв. ‖ глаг. им. разрешување ср.