разрешница

Именка, женски род

Значење на разрешница:

1. Ослободување од должност откако ќе се оцени работата на разрешениот (раководител, орган и сл.). Тој им даде разрешница на поранешните членови. Раководството доби разрешница.

2. Конечен, краен дел од некакво дејство, решение, завршница. Во разрешницата домашниот тим постигна погодок. Овој настан немаше добра разрешница.

Множина: разрешници.

Оригинални податоци:

разрешница, мн. разрешници ж. 1. Ослободување од должност откако ќе се оцени работата на разрешениот (раководител, орган и сл.). Тој им даде разрешница на поранешните членови. Раководството доби разрешница. 2. Конечен, краен дел од некакво дејство, решение, завршница. Во разрешницата домашниот тим постигна погодок. Овој настан немаше добра разрешница.