разреве се

Глагол, свршен

Значење на разреве се:

1. Почне да реве силно или уште посилно (за животно). Коњот се разреве.

2. (прен.) а) Се развика, се развреска на цел глас. Се разревеа пијаните гости. Ми се разреве, од памет ме извади. б) Се разлелека, почне да плаче силно и гласно. Децата се разревеле.

Коњугација: разревен, разревете се , разреви се , се разреват , се разревеа , се разревев , се разревел .

Изведени зборови:

  • разревување, глаг. им. ср.
  • се разревува, глаг. несв. се разревуваат

Оригинални податоци:

разреве се, се разреват; разреви се, разревете се; се разревев, се разревеа; се разревел; разревен св. 1. Почне да реве силно или уште посилно (за животно). Коњот се разреве. 2. (прен.) а) Се развика, се развреска на цел глас. Се разревеа пијаните гости. Ми се разреве, од памет ме извади. б) Се разлелека, почне да плаче силно и гласно. Децата се разревеле. ‖ се разревува, се разревуваат несв. ‖ глаг. им. разревување ср.