разрика се

Глагол, свршен

Значење на разрика се:

1. За животно ‒ почне да рика силно и долго. Говедата се разрикаа. Магарето се разрика.

2. (прен., разг.) За човек ‒ почне силно да пее, да вика. Таа се разрикала сред село. Пијаните момчиња се разрикале по сокаците.

Коњугација: се разрикаат.

Изведени зборови:

  • разрикување, глаг. им. ср.
  • се разрикува, глаг. повт. се разрикуваат

Оригинални податоци:

разрика се, се разрикаат св. 1. За животно ‒ почне да рика силно и долго. Говедата се разрикаа. Магарето се разрика. 2. (прен., разг.) За човек ‒ почне силно да пее, да вика. Таа се разрикала сред село. Пијаните момчиња се разрикале по сокаците. ‖ се разрикува, се разрикуваат повт. ‖ глаг. им. разрикување ср.