разубави

Глагол, свршен

Значење на разубави:

1. Направи да стане нешто полично, поубаво, поизразито. Таа ги разубави сите во својот фризерски салон. Масерот ѝ го разубави телото.

2. Направи да стане нешто поинтересно, попријатно. Децата ми го разубавија животот. Овој настан ми го разубави денот. Помислата на него ми го разубавува животот.

3. Среди, уреди до повисока естетска форма. Новата управа ги разубави парковите. Тие го разубавија излогот со светлечки реклами. Скапиот мебел го разубави станот.

Коњугација: разубават.

Изведени зборови:

  • разубавување, глаг. им. ср.
  • се ~ разубави, Стане убаво, интересно, побогато, попријатно. Девојчето се разубави. Животот ми се разубави откако го запознав него. Времето се разубави.
  • (се) разубавува, глаг. несв. (се) разубавуваат

Оригинални податоци:

разубави, разубават св. 1. Направи да стане нешто полично, поубаво, поизразито. Таа ги разубави сите во својот фризерски салон. Масерот ѝ го разубави телото. 2. Направи да стане нешто поинтересно, попријатно. Децата ми го разубавија животот. Овој настан ми го разубави денот. Помислата на него ми го разубавува животот. 3. Среди, уреди до повисока естетска форма. Новата управа ги разубави парковите. Тие го разубавија излогот со светлечки реклами. Скапиот мебел го разубави станот. ● се ~ Стане убаво, интересно, побогато, попријатно. Девојчето се разубави. Животот ми се разубави откако го запознав него. Времето се разубави. ‖ (се) разубавува, (се) разубавуваат несв. ‖ глаг. им. разубавување ср.