разувери

Глагол, свршен

Значење на разувери:

Разубеди, премисли некого за нешто со уверливи докази. Лекарот го разувери во врска со терапијата. Најновите настани го разуверија во чесноста на соседите.

Коњугација: разуверат.

Изведени зборови:

  • разуверување, глаг. им. ср.
  • се ~ разувери, Смени уверување, убедување за нешто врз основа на докази. Откако ја запозна, тој се разувери во тоа дека таа е виновна.
  • (се) разуверува, глаг. несв. (се) разуверуваат

Оригинални податоци:

разувери, разуверат св. Разубеди, премисли некого за нешто со уверливи докази. Лекарот го разувери во врска со терапијата. Најновите настани го разуверија во чесноста на соседите. ● се ~ Смени уверување, убедување за нешто врз основа на докази. Откако ја запозна, тој се разувери во тоа дека таа е виновна. ‖ (се) разуверува, (се) разуверуваат несв. ‖ глаг. им. разуверување ср.